ЗА НАС



pestcontrol

Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ПЛАНТ МЕДИКА е формирана во 2009 година.

Работи со издадени решенија за работа од страна на:
- Министретство за Здравство на Р. Македонија со бр. 10-8390/2 од 03.12.2009 година издадено Решение за вршење на дејноста Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација;
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство издадено Решение за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата бр. 17-541/25 од 06.08.2012 година.tumblr_m74r6sCP1E1rtofde_1

Во службата се вработени:

1. Доктор на медицина;
2. Стрично лице со DoD of USA Pest Management Certification Course сертификат;
3. Два медицински лаборанти;
4. Два техничари.

Сите вработени се обучени за извршување на дејноста на службата.

Службата за Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација ПЛАНТ МЕДИКА располага со современа опрема и простор за извршување на дејноста со врвен квалитет.
Нашата работа се заснова на доставување ПЛАН и ПРОГРАМА за правилна и навремена заштита од микроорганизми, инсекти и глодари си имплементирање на Интегрирана контрола на штетници. Планот и програмата ги опфаќа нашите препораки и забелешки во однос на:

- Правилен пристап кон извршување на ДДД;
- Хигиено - техничките услови во и околу објектот;
- Бројот и динамиката на потребни Хигиено Технички и Рутински Контроли;
- Едукација и хигиено-техничка обука на вработените по однос на имплементација на програмата за контрола на штетници, како и други сугестии.



УСЛУГИ



ПЛАНТ МЕДИКА ги врши следниве услуги:

 

disinfectionДезинфекцијата претставува уништување на патогени и други микроорганизми по физички или хемиски пат. Со дезинфекцијата бројот на стетните микроорганизми се сведува на безопасни вредности по здравјето на човекот. Значењето на дезинфекцијата како мерка за заштита на населението од заразни болести се согледува секојдневно и навлегува во секоја пора од нашето живеење. Секојдневно во медиумите се среќаваме со разни зарази, инфекции, тешки и многу често фатални моменти по животот на луѓето и животните. Тековно одржување по однос на Дезинфекција на работните, производствените и просториите за живот, денеска не е опција - туку неминовност. Да го заштитиме здравјето себе си, на своите најблиски и на сите околу нас.

Дезинсекција претставува мерки и постапки со кои се уништуваат или се контролира бројот на штетни инсекти во човековата средина. Со примарно утврдување на проблемот, идентификување на видот на инсектите и степенот на инфестација се одредува методата со која ќе се пристапи на нивно сузбивање и препаратот кој ќе се користи. Интегрирана контрола на штетници (IPM) предвидува пет методи по кои се пристапува кон решение на проблемот: физичка, биолошка, културолошка, механичка и хемиска. Хемиската метода се користи откако сите можности ќе се исцрпат, како трајно решение се пристапува кон ваква метода. Во период на Глобално затоплување и климатски промени, поплави и други природни катастрофи, промените следбено ги чувствуваат и инсектите. Тие ги менуваат своите живеалишта, навики а со самото тоа како вектори на заразни болести ни го усложнуваат и го прават поопасен нашиот живот. Контролата на штетници мора да биде континуирана.drugi-vrediteli

Дератизација е спроведување на мерки со цел намалување на популацијата на штетни глодари. Кај нас најмногу распространети се стаорците и домашните глувци. Штетите кои тие ги нанесуваат можат да се поделат на Здравствени и Економски.
- Здравствени - Претставуваат природни резервоари и преносители на заразни болести. Таквата можност е голема и честа бидејќи се наоѓаат во близина на луѓе и животни. Заради нивната голема распространетост, плодност и интелигенција родот глодари претставуваат опасност за човековата животна средина.
- Економски - Конзумираат и оштетуваат голема количина храна и друга роба.

Вршиме Заловување на животни, за што сме опремени со соодветна опрема - кафези за заловување на животни. Тој процес се врши на многу високо професионално ниво, со стручна опрема и кадар. Животните се третираат согласно законот за Заштита на животните.
ПЛАНТ МЕДИКА располага со соодветна опрема за заловување на влекачи (змии). Истите доколку се појават во средина на живеење знаат да бидат многу опасни.

Кадроврската екипираност, искуството како и Решението од Министретство за земјоделство, шумарство и водостопанство за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата ни дозволуваат влез во примарно раноградинарско земјоделско производство. Вметнување на биолошки методи за заштита, хемиски третмани со современи УЛВ машини и намалени количини на пестициди по единица површина не прават ваш идеален партнер кон квалитетен и здрав раноградинарски производ.

Мото кое не води низ работата е: "ВАШИОТ ПРОБЛЕМ Е НАША ЗАДАЧА"



 

ГАЛЕРИЈА



ЕДУКАЦИЈА



 

ЛЕБАРКИ

a-roachЛебарката е присутна во домовите, рестораните, погоните за производство на храна и места тесно поврзани со присуство на човекот. Идеални услови за нивен опстанок се топли и влажни места. Активноста им е најголема до вечерните часови. Ретко се гледаат во дневни услови, освен кога популацијата е многу голема, со тоа и конкуренцијата за храна и простор се зголемува и тогаш можат да се видат и на дневна светлина. Популацијата многу брзо се зголемува ако се земе во предвид дека имаат три генерации годишно и секоја од нив носи од 35-45 единки.

ОРИЕНТАЛНА БУБАШВАБА

Ориенталната бубашваба е темно кафеава до црна по боја.blatta_orientalis Поголема е од лебарката. Идеални услови за неа се темни и влажни места: сливниците, каналите за одвод, подруми... Нејзино присуство во нашите домови претставува опасност за нашето здравје, зашто истата е вектор на многу заразни болести.

 

КОМАРЦИ

MC900438036Еден вид од инсектите кои претставуваат голем проблем и закана за човекот се комарците. Со убод од женски единки, можат да бидат пренесени голем број болести. Комарците поседуваат 3 вида на рецептори:

- Хемиски со кои го детектираат CO2 при издишување на човекот и животните;

- Топлиски рецептори со кои ја регистрираат близината на топлокрвните организми;

- Визуелните рецептори (очи) со кои ги забележуваат контрастите. Ако се земе во предвид дека се што се движи е "живо" и е полно со крв, тоа за нив е добра стратегија.

Познавањето на нивниот животен циклус ни дава низа предности во борбата против нив.

 

 

КОНТАКТ



Информации:

Тел. број: +398 031 550 911

Моб.          +398 070 400 691

e-mail: info@plantmedika.com.mk

Техничка подршка:

Моб.         +389 070 211 900

e-mail: v.dimkovski@plantmedika.com.mk



PlantMedika-logo-5