
Дезинсекција
Дезинсекцијата претставува мерки и постапки со кои се уништуваат или се контролира бројот на штетни инсекти во човековата средина.
Со примарно утврдување на проблемот, идентификување на видот на инсектите и степенотна инфестација се одредува методата со која ќе се пристапи за нивно сузбивање и препаратот кој ќе се користи.
Интегрирана контрола на штетници (IPM) предвидува 5 методи по кои се пристапува кон решение на проблемот: физичка, биолошка, културолошка, механичка и хемиска. Хемиската метода се користи откако сите моќности ќе се исцрпат, како крајно решение се пристапува кон ваква метода.
Во период на Глобално затоплување и климатски промени. поплави и други природни катастрофи, промените следбено ги чувствуваат и инсектите. Тие ги менуваат своите живеалишта, навики, а со самото тоа како вектори на заразни болести ни го уничтуваат и го прават поопасен нашиот живот.
Контролата на штетници мора да биде континуирана.