
Дезинфекција
Дезинфекција претставува уништување на патогени и други микроорганизми по физички или хемиски пат. Со Дезинфекцијата бројот на штетните микроорганизми се сведува на безопасни вредности по здравјето на човекот. Значењето на Дезинфекцијата како мерка за заштита на населението од заразни болести се согледува секојдневно и навлегува во секоја пора од нашето живеење. Секојдневно во медиумите се среќаваме со разни разази, инфекции, тешки и многу често фатални моменти на луѓето и животните. Тековно одржување по однос на Дезинфекција на работните, производствените и просториите за живот, денеска не е опција туку неминовност. Да го заштитиме здравјето себе си, на своите најблиски и на сите околу нас.